Барса со Гризман ќе има страшен напад (ФОТО)
Гризман дојде во Барселона за 120 милиони евра, како што и соопштија од „Камп Ноу“, но неговиот поранешен клуб Атлетико Мадрид ќе се жали и бара поголема сума на пари за овој трансфер.
Тренерот на каталонскиот гигант, Ернесто Валверде ќе биде на „слатки маки“ во склопувањето на првите 11 за настапите во наредната натпреварувачка сезона 2019/20.
Според „талкСпорт“, се очекува уште две големи засилувања, враќање на Нејмар од ПСЖ за кого веќе се шпекулира долг период, а и спортскиот директор на францускиот шампион Леонардо истакна дека Бразилецот може да си оди.
Ова лето се говори и за талентираниот холандски одбранбен играч, Матијс де Лихт кој досега ги бранеше боите на Ајакс. Но, можно е и да не дојде до таков трансфер, бидејќи во овој момент поголеми се шансите да се пресели во редовите на Јувентус.
Барса со Гризман би имала страшен напад, со Нејмар и Меси на крилните позиции, а најистурен би бил Суарез. Во можна формација 4-2-3-1, во средниот ред би биле Де Јонг и Бускетс, тука секако може и да помогне Гризман, а зад нив во дефанзивата Алба, Пике, Де Лихт и Роберто. На голманската позиција е Тер Штеген.