Леонардо: Нејмар може да го напушти ПСЖ!

EPA-EFE/IAN LANGSDON

Тоа е токму желбата на Бразилецот кој веќе неколку недели презема цврсти чекори за да се врати во Барселона.

Сега, спортскиот директор на парижаните, Леонардо, призна дека на Јужноамериканецот нема да му прават проблеми да си замине, но тоа ќе се случи само при примамлива понуда. Тој, исто така, откри дека има веќе контакти со шпанскиот шампион.

https://twitter.com/SportingLifeFC/status/1148489965308993536

– Нејмар може да го напушти ПСЖ, ако стане збор за понуда која ги задоволува сите страни. Веќе имаше иницијален контакт со Барселона, но беше само површен, изјави Леонардо за „Паризиен” и продолжи со сензационалните откритија.

Всушност, неговите зборови ги потврдуваат сите вести од минатиот месец за желбата на Нејмар да си замине час порано.

– Не можам да ви кажам точно за што разговаравме со играчот, но од нашите разговори со него и со неговите најблиски кругови веќе имаме јасен и цврст став за тоа какви се неговите намери. Не можам да ви кажам нешто повеќе за оваа тема. Јас само ќе речам дека има договор за уште три години со нас и бидејќи не сме добиле официјална понуда, не можам да разговарам за оваа тема – додаде Леонардо за француското издание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот