Атлетико бара уште пари од Барселона за Гризман – Слободен печат
СпортФудбал

Атлетико бара уште пари од Барселона за Гризман

Во мадридскиот тим бараат од Барселона да ја плати дополнителни 80 милиони евра иако клаузулата изнесува 120 милиони евра.

Само неколку часа откако Барселона и официјално го претстави Антоан Гризман како најново засилување, се јави поранешниот клуб на Французинот кој смета дека Барселона сè уште не смее да се радува и треба да доплати уште 80 милиони евра за да се комплетира трансферот.

Имено, во договорот на Гризман со Атлетико Мадрид стои дека откупната клаузула на 1 јули од 200 милиони евра ќе се намали на 120 милиони евра, колку што уплати Барселона, но во мадридскиот тим сметаат малку поинаку. Тие тврдат дека Гризман го договорил трансферот во Барслелона уште во март годинава, кога клаузулата изнесувала 200 милиони евра и затоа бараат Барселона да плати дополнителни 80 милиони евра.

„Адвокатите на Антоан Гризман се појавија во канцелариите на Ла Лига за да го раскинат договорот на нивиот клиент со Атлетико Мадрид и во таа прилика приложија депозит во вредност од 120 милиони евра дадени од Барселона. Атлетико Мадрид верува дека таа сума е недоволна за активирање на клаузулата за раскин бидејќи е јасно дека договорот помеѓу фудбалерот и Барселона и направен пред намалувањето на клаузулата од 200 на 120 милиони евра. Ве потсетуваме дека фудбалерот објави заминување од нашиот клуб уште на 14 мај. Атлетико Мадрид смета дека договорот е раскинат пред крајот на минатата сезона поради постапкитена фудбалерот кои следеа и затоа покрена нови постапки кои ги смета за прифатливи во одбраната на своите права и интереси“ пишува во соопштението на Атлетико Мадрид.

Атлетико Мадрид на почетокот од неделава покрена дисциплинска постапка против Гризман бидејќи не се појави на стартот од подготовките за идната сезона.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close