Барон Трамп го прослави 20. роденден – браќата и сестрите не биле поканети
Барон Трамп на 20 март го прослави својот 20. роденден, а со годините се чини дека се појавиле и одредени семејни тензии. Според колумнистот Роб Шутер, кој на својот профил на Сабстак се повикува на добро упатени извори, Барон на прославата не ги поканил повозрасните браќа и сестри. На списокот на гости, според информациите, не се нашле Иванка, Ерик и Доналд Трамп Помладиот, додека неговата полусестра Тифани Трамп била присутна, пренесува „Јаху“.
Препорачано
Изворите тврдат дека тоа не било случајно. „Тие воопшто не се блиски“, рекол еден извор. „Не се работи за пропуст. Едноставно не биле на списокот“, додал тој.
Интересно е што ниту еден од браќата и сестрите кои, според тврдењата, не биле поканети, а чиј список на гости внимателно го составила Меланија Трамп, не му честитале јавно на Барон на социјалните мрежи. Единствено се огласила Тифани, втората најмлада ќерка на Доналд Трамп, која му испратила едноставна порака: „Среќен роденден, Барон! Те сакам многу!“.
Честитка испратила и Кимберли Гилфојл, поранешната свршеница на Доналд Трамп Помладиот. „Среќен роденден, Барон, те очекува светла иднина!“, напишала таа.
Долго време се шпекулира дека односот на Барон со Тифани е многу поблизок отколку со останатите браќа и сестри. Иако, според информациите, била поканета на прославата, не е познато дали присуствувала. Сепак, најмладиот син на Трамп се чини дека е во подобри односи со полусестрата отколку со другите.
Барон, исто така, е вклучен во бизнис-проекти со повозрасните браќа Ерик и Доналд Помладиот. Тројцата учествувале во основањето на компанијата „Ворлд либерти фајненшел“, која се занимава со криптовалути. Ерик во минатото му давал јавни совети за состаноци и излегувања. Сепак, тоа што ниту тој, ниту Дон помладиот не биле поканети на роденденската прослава, доведува до шпекулации дека нивниот однос пред сè е деловен.
Јавноста памети и нивни поблиски моменти од Републиканската национална конвенција во 2016 година, кога биле снимени како се поздравуваат браќата. Тогаш Барон имал 10 години, па односите во меѓувреме можеле да се променат.


