Барнли го „прегази“ Свонси, тимот на Чурлинов на врвот во Чемпионшип

фото: twitter.com/BurnleyOfficial

Во 15 коло од англискиот Чемпионшип екипата на Барнли пред своите навивачи убедливо со 4:0 славеше над Свонси.

Двапати во листата на стрелците се запиша Родригез, а по еднаш Витињо кој започна гол серијата на домаќините и Зарури.

Ова е шеста победа за играчите на менаџерот Винсен Компани за моментно прво место на табелата со 25 бодови, колку што има и второпласираниот Шефилд јунајтед кој изненадувачки дома само ремизираше со Блекпул (3:3).

Потсетување дека македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов и натаму се опоравува од повредата, а неговото враќање се очекува најверојатно пред стартот на Светското првенство во Катар.

Во следното коло Барнли на 19 октомври ќе му гостува на Бирмингем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот