Барди: Едвај чекам да почне ЕП, не дојдовме тука да бидеме аутсајдери

фото: ФФМ

Фудбалската репрезентација на Македонија во недела ќе дебитира на Европските првенства. Историскиот натпревар за ибраниците на селекторот Ангеловски на Националниот стадион во Букурешт в недела ќе играат против Австрија, а на овој натпревар ќе настапи и фудбалерот кој ги пропушти двата контролни натпревари против Словенија и Казахстан, Енис Барди. Еден од најстандардните и најдобри репрезентативци имаше позитивен тест на коронавирус поради што беше во карантин, но на два дена пред самото тргнување за Букурешт, Барди доби негативен тест на Ковид-19 и сега со нетрпение го очекува настапот против Австрија.

Се чувствувам добро немам никакви проблеми. Во моментот кога бев изолиран тренирав сам. За овој момент сум подготвен и физички и психички како и сите други фудбалери. Едвај чекаме да почне првенството и првиот натпревар против Австрија. Секој ги чека овие натпревари 100 отсто. Наше останува само да тренираме и да дадеме максимум. Тоа што го доживеав на младинското првенств е нешто незаборавно. Сепак, ова се е различно. Ние не дојдовме тука за да бидеме аутсајдери и да се задоволиме со самото учество. Македонија многу пати докажа колку вреди и колку квалитетни играчи има. Ова ЕП ќе ни помогне да дознае цел свет дека се игра одличен фудбал во Македонија – изјави Барди на прес-конференцијата во Букурешт.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот