Барбра Стрејсенд и Ворен Бити - Фото: Profimedia

Барбра Стрејсенд за Ворен Бити: „Не се сеќавам дали имав секс со него“

Пејачката и актерка Барбра Стрејсенд (83) не се сеќава дали била интимна со актерот Ворен Бити (88). Во интервју за „Њујоркер“, таа се сетила дека еднаш се разбудила со него во кревет, но не се сеќава дали имале секс, пренесува „Индепендент“.

„Знам дека спиев во кревет со него, но не се сеќавам дали навистина имавме пенетрација. Се колнам, не се сеќавам. Има одредени работи што ги блокирам“, рече Барбра.

Иако Барбра не се сеќава дали таа и Ворен биле интимни таа ноќ, тие двајца останале пријатели и разговараат секоја година на нејзиниот роденден.

„Но, ние сè уште сме пријатели. Секоја година на мојот роденден ми се јавува и водиме прекрасен разговор за нашите животи, нашите деца и така натаму. Сè уште сме пријатели, а го запознав кога имав 15 години“, рече Стрејсенд.

Барбра зборуваше за својата врска со Ворен во своите мемоари од 2023 година, „Се викам Барбра“. Во книгата од 992 страници, Барбра се присети дека ја видела ѕвездата во театарот „Клинтон Плејхаус“ во Конектикат. Таа напиша дека „жените паѓале пред неговите нозе“ и рекла дека тој бил „една од нејзините авантури“.

Бити во минатото беше поврзуван со Мадона, Џули Кристи, Шер и Дама Џоан Колинс, а еднаш негираше дека имал секс со 12.775 луѓе. Во разговор за списанието AARP, тој рече: „Размислете, спиејќи со 12.775 луѓе. Тоа би значело не само што има повеќе луѓе дневно, туку и дека нема повторување“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот