Бараж за СП 2023: Талески ги торпедира Романците, Македонија со плус оди во Букурешт

Филип Талески, еден од лидерите на македонската ракометна репрезентација/фото: Слободен печат - Драган Митрески

Ракометната репрезентација на Македонија оствари убедлив триумф од 30:22 против Романија во првиот бараж натпревар за пласман на СП 2023 година. Ракометарите носени од петилјадната публика во СЦ „Борис Трајковски“, одиграа фантастично, нападот предводен од Филип Талески функционираше беспрекорно, одбраната ги запре нападите на Романциите и „црвено-жолтите“ во Букурешт носат залиха од осум гола.

Ракометарите на реваншот во Букурешт ќе патуваат со залиха од осум гола/Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Бекот на Вардар беше најдобар играч на натпреварот со 10 постигнати голови играјќи го можеби најдобриот натпревар во репрезентативниот дрес.

Ракометарите фуриозно го започнаа натпреварот и за две минути постигнаа три гола. Филип Талески го реализира првиот напад, а по одбраната на Митревски, Кузмановски погоди за 2:0. Потоа Кузмановски пречесе една топка и донесе водство од 3:0.

Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Во воведните минути „црвено-жолтите“ играа одлично во нападот со стоотстотна реализација, со гол ги крунисаа првите седум напади, во кои главниот збор го имаа Талески и Кузмановски кои дадоа по три гола, а Македонија по девет минути игра дојде до плус три (7:4). Првиот нереализиран напад беше во десеттата минута кога Цветан Кузманоски не го реализира пеналот.

Филип Кузмановски постигна четири гола во првото полувреме/Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Првите промашувања на избраниците на селекторот Кирил Лазаров, ги искористија Романците да направат серија од 0:3 и да дојдат до минус еден (7:6). Серијата на Романците ја прекина Талески со својот четврти гол.

По 15 минути игра, Македонија има предност од еден гол (10:9), а во тие моменти одлично одигра Филип Талески кој потигна пет гола.

Романија во 17. минута по голот на Кумпаничи за прв пат го израмнија резултатот (10:10). Во моментите кога Романија фати резултатски приклучок, на сцена стапи Кирил Лазаров и постигна три гола по ред, а по голот на Ојлески, предноста на „црвено-жолтите“ повторно беше три гола (14:11) во 24. минута.

Ракометарите го контролираа натпреварот од првата до 60 минута /Фото: Слободен печат – Драган Митрески

До крајот на првиот дел, ракометарите ја одржуваа предноста и на одмор заминаа со 16:13.
Талески и Лазаров со по пет гола беа најпрецизни кај Македонија по првиот дел, четири даде Кузмановски, додека Никола Митревски на голот имаше пет одбрани.

Кај Романците, во последната секунда од првиот дел, црвен картон доби стрелецот на три гола Ракотеа бидејќи го погоди со топка во лицето Никола Марковски, што според правилата на ЕХФ се казнува со исклучување.

Кирил Лазаров//Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Избраниците на Лазаров на стартот од вториот дел продолжија таму каде што застанаа во првите 30 минути. По голот на Кузмановски во 35 минута, Македонија за прв пат поведе со пет гола разлика (19:14).
Нереализираните два напади, ги искористија Романците да направат мини серија од 0:3 и да намалат на 19:17. Постот од пет минути без гол на Македонија, го прекина Талески со два гола и предност од плус четири (21:17).
Одговорот на Романија беше нова мини серија од 0:3 со која дојдоа до минус еден (21:20) во 45 минута.
И повторно кога беше најважно, Филип Талески стапи на сцена постигнувајќи го осмиот гол за водство 22:20, а три минути подоцна го постигна и деветтиот гол за 24:20 и го натера романскиот селектор Чави Пасквал да побара тајм-аут. Но, ниту едноминутниот одмор не го запре Талески да го постигне десеттиот гол и да ја однесе Македонија на плус пет (25:20) во 50 минута.

Филип Талески натпреварот го заврши со 10 гола//Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Во наредните пет минути,  одговорноста ја презедоа најискусните Лазаров и Стоилов кои постигнаа два гола и Македонија за прв пат во 55 минута имаше плус шест (27:21). Збунетите Романци направија серија грешки во нападот што овој пат беа искористени од Кузмановски кој даде два гола по ред за водство 29:21 во 57 минута. Миркуловски првиот гол на натпреварот го даде во 58 минута за 30:22. На крајот Македонија славеше со 30:22.

Одбраната функционираше беспрекорно во сите 60 минути/ Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Филип Талески беше фантастичен со постигнати 10 голови, Кирил Лазаров  и Филип Кузмановски  дадоа по седум гола гола. Никола Митревски натпреварот го заврши со осум одбрани. Во редовите на Романија, Кумпаничи беше најпрецизен со пет голови.
Реваншот ќе се игра за два дена во Букурешт,

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот