БАНКРOTОТ НЕ ЗНАЧИ КРАЈ: Џејми Оливер отвора нов ланец на ресторани

Познатиот готвач Џејми Оливер започна со отворање нов ланец на ресторани за само шест месеци откако неговата компанија банкротираше. Двата нови ресторани од Југоисточна Азија, во Бали и Бангкок, ќе имаат нов формат за целодневно јадење.

Новиот ланец, кој ќе биде во средната ценовна класа, ќе се вика „Jamie Oliver Kitchen“ и делумно ќе биде инспириран од локалната кујна.

„Jamie Oliver Group“, која управува со 70 ресторани на 27 пазари, ќе ги отвори „Jamie Oliver Kitchen“ на 21 ноември во Бали и на 28 ноември во Бангкок. Групата планира да отвори уште 19 ресторани пред крајот на следната година.

Само за потсетување, Оливер во мај објави дека неговата компанија во Велика Британија ќе банкротира. Групата вклучува низа италијански ресторани и рестораните за стекови „Barbecoa“. Пред да банкротира неговиот синџир на ресторани во Велика Британија, Оливер во последните години инвестираше милиони фунти во овој бизнис.

Сепак, тој на крајот го призна поразот поради, како што рече, „совршената бура“, односно комбинација на раст на кириите, платите, трошоците за храна и последиците од Брегзит и променетите навики за купување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот