Бајден во посета на настраданата Луизијана, додели федерална помош за Њујорк и Њу Џерси

Џо Бајден / EPA-EFE/OLIVIER HOSLET / POOL

Претседателот на САД, Џо Бајден денеска е во посета на Луизијана, настрадана од ураганот Ида, и додели директна федерална помош за Њујорк и Њу Џерси, по катстрофалното невреме што деновиве го донесе ураганот, јави дописникот на МИА од Софија.

Пред поаѓањето за Луизијана, каде треба да се запознае со штетите, Бајден изјави дека ураганот е знак дека „климатските промени се тука”. 

-За ураганот Ида не важи дали си демократ или републиканец, дали си од село или град. Уништувањето е насекаде. Се работи за живот или смрт и сите сме во ова заедно, изјави тој. 

Во објавениот претседателски итен указ за Њујорк и Њу Џерси се вели дека државите се наоѓаат во вонредна ситуација и затоа се доделува „федерална помош за поддршка на државните, племенските и локалните напори за справување со последиците од ураганот”.  

Како последица на торнадото и поплавите од обилните врнежи во североисточниот дел на САД, при што големи материјални штети има во државите Њујорк., Њу Џерси, Пенсилванија и Конектикат, деновиве загинаа 46 лица. 

Уредбата на Бајден предвидува помош за локалните власти од страна на Министерството за внатрешна безбедност на САД (ДХЛ) и од Федералната управа за вонредни ситуации (ФЕМА), јави Белата куќа. 

Во Луизијана, Бајден ќе се сретне со со гувернерот Џон Бел Едвардс и останати локални официјални лица за проценка на штетите предизвикани од ураганот, што на почетокот на неделата остави огромни материјални штети на крајбрежјето на државата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот