Баерн во проблеми пред дербито против Борусија Дортмунд

фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGY

Фудбалерот на Баерн Минхен Хари Кејн и неговиот соиграч голман Мануел Нојер поради повреди би можеле да го пропуштат големото дерби во Бундес лигата против Борусија Дортмунд. Кејн и Нојер ги пропуштија натпреварите меѓу Англија и Германија минатата недела бидејќи не беа доволно опоравени од повредите.

Кејн учествуваше во некои делови од тренингот во средата, откако го повреди зглобот во победата на Баерн над Дармштад од 5:2 на 16 март, кога го постигна својот 31 гол во сезоната.

Нојер на тренингот на германската репрезентација минатата недела го скина мускулот на левата надколеница, а на мечевите против Франција и Холандија го замени Марк-Андре тер Штеген. Баерн објави дека Нојер тренирал индивидуално во средата.

Актуелниот шампион во Бундеслигата, Баерн, во сабота гостува кај Борусија Дортмунд и мора да победи за да ги одржи шансите за одбрана на титулата. Баерн е втор со 60 бодови, 10 помалку од водечкиот Баер Леверкузен на осум кола пред крајот на првенството.

Баерн постигна 23 гола на последните седум мечеви против Дортмунд во сите натпреварувања и нема пораз од 2019 година и германскиот Суперкуп. Последен пат Дортмунд победи на „Алијанц Арена“ во 2014 година, кога тренер беше Јирген Клоп. Дортмунд е четврти на табелата со 50 бодови.

Баер Леверкузен во сабота ќе игра против Хофенхајм на домашен терен. Тимот на Чаби Алонсо и по 26 кола и натаму не знае за пораз и се обидува да ја освои првата титула во Бундеслигата во клупската историја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот