Баерн со „петарда“ го најави дербито против Дортмунд (ВИДЕО)

фото: твитер

Со новата победа баварскиот гигант ја одржува предноста од четири бодови на табелата во однос на второпласираните „милионери“.

Се комплетираше саботната програма од 27 коло во најсилното германско првенство, на „Алијанц Арената“ во Минхен, Баерн со 5:2 го совлада Ајнтрахт Франкфурт.

Нова „петарда“ на баварскиот гигант и повторно е на четири бодови од второпласираната Борусија Дортмунд во генералниот пласман во трката за шампионската титула.

Токму овие две екипи ќе се сретнат во следното коло на 26 мај кога домаќини ќе бидат „милионерите“, и клучен дуел во битката за врвот.

После првото полувреме водеа играчите на Флик со головите на Горецка и Милер, а на стартот од вториот дел зголеми Левандовски.

Хинтерегер на спротивната страна за период од три минути ги врати надежите на својот клуб, но веднаш одговор дојде од домашниот тим за 4:2 преку Дејвис.

На овој меч Хинтерегер беше блиску да го комплетира хет-трикот, но наместо во мрежата на Нојер, во 74 минута ја затресе сопствената за поставување на конечниот епилог.

Освоен и Волфсбург, „милионерите“ се борат за титулата (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот