Баерн е новиот европски шампион, Коман му се „одмазди“ на ПСЖ! (ВИДЕО)

фото: EPA-EFE/JOSE SENA GOULAO

Вечерва на стадионот „Да Луж“ во Лисабон (Португалија) на завршниот турнир од Лигата на шампионите, во големото финале Баерн Минхен со 1:0 го совлада ПСЖ.

Стрелец на единствениот гол за германскиот претставник беше Коман после асистенцијата на Кимих во 59 минута од средбата.

Интересен е фактот што Коман е роден во Париз, настапува за француската репрезентација и му пресуди токму на својот поранешен клуб за кој настапуваше во периодот 2013-2014 година, но не доби вистинска шанса со само три официјални настапи.

Ова беше прво финале за париските „светци,“ а баварскиот гигант ја освои шестата титула во ова елитно натпреварување и така се израмни со Ливерпул на третата позиција по бројот на европски титули.

Кога сме кај трофеите во ЛШ, второпласиран е Милан со седум, а убедливо на првата позиција на вечната листа води Реал Мадрид со 13 титули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот