ВИДЕО | Бачев: Сакаме на пописот да го повториме бојкотот од референдумот

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Бараме одложување на пописот од две причини, поради растот на заболени од коронавирусот и поради неговата нелегитимност, изјави претседателот на иницијативата „Не отворај врата“, Јанко Бачев. Тој додава дека лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети се договориле за процентите за етничката припадност на граѓаните.

-Сакаме да го повториме бојкотот од референдумот. Од излезени 18 илјади кои се попишани во дијаспората, 15 илјади не се Македонци, туку најголемиот број се Албанци. Тоа не охрабрува, бидејќи Македонците во дијаспората масовно ја прифаќаат нашата порака и не се попишуваат, вели Бачев.

Според него, казнената политика претставува лага, бидејќи нема кривична одговорност и казни затвор, туку единствено прекршочна, односно казна од 200 евра, која би застарела после една година.

-Процентите се договорени. Сакаме попис, но со реални бројки, а не фалсификуван. Вака Албанците би требало да бидат некаде околу 35 отсто, заклучи Бачев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот