Фото: СДСМ

Филипче: Сакам држава од која младите нема да заминуваат

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека неговата главна мотивација за политичкиот ангажман е создавање подобри услови за живот за граѓаните и унапредување на државата.

Во интервју за емисијата „Вин-Вин“ на Телма телевизија, Филипче истакна дека неговата страст за политиката произлегува од уверувањето дека преку политичкото дејствување може да се влијае врз општеството и да се обезбедат позитивни промени што ќе ги почувствуваат голем број граѓани.

– Страста е успех односно победа и тогаш ја споделувам со сите мои соборци како во операционата сала така и сега со еден огромен број на луѓе со кои што заедно ја водиме ова политичка битка – рече Филипче.

Тој нагласи дека политиката ја гледа како можност преку која може да се создадат суштински промени што ќе ги почувствуваат голем број граѓани и ќе придонесат за развојот на државата.

– Страста, мотивот, желбата да се работи, оваа работа практично лежи во моето длабоко верување дека политиката дава механизми да се влијае на општеството и да резултатите од таа работа ги почувствуваат многу голем број на луѓе. Ако во мојата работа во неврохирургијата, во медицината, резултатите ги гледаме веднаш, тогаш за ова е потребно повеќе време, меѓутоа навистина може да се влијае на огромен број на луѓе – рече Филипче.

Осврнувајќи се на својата визија за иднината на државата, Филипче посочи дека крајната цел на политичкото дејствување мора да биде подобар квалитет на живот за граѓаните и создавање перспективи што ќе ги задржат младите во земјата.

– Да се постигне тоа што јас сметам дека е главната цел на оваа работа, а тоа е да се подигне квалитетот на живеењето на луѓето, да се унапреди државата. Посебно мојата генерација на луѓе кои што повеќе децении огромен број заминаа од државата, ќе кажам едни од најквалитетните веќе не се тука, ама ние верувавме дека може да не биде. Ние верувавме дека нашата земја да биде дел од развиениот свет, да не се разочаруваме кога се враќаме дома – порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

 Филипче ставаше нули, Мицкоски ставаше во затвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот