Бабунски беше меѓу големите надежи на Барса, само еден играч е уште во клубот (ВИДЕО)

фото: твитер

Македонскиот фудбалер се наоѓа во Топ 50 најветувачки играчи од „Ла Масија“ во 2011 година, каде се сега тие?

Една од најпознатите фудбалски школи во светот, „Ла Масија“ произведува(ше) голем број на таленти кои во иднина стануваат големи ѕвезди.

Играчи како Чави, Андрес Иниеста, Лионел Меси се меѓу најтрактивните примери кои ја поминаа академијата и станаа клупски легенди.

Во последно време академијата не е тако успешна како порано, бидејќи Барселона повеќе се насочува како скапи засилувања, откако на сопствените таленти.

Шпанскиот новинар Марти Перарнау состави листа од 50 играчи од „Ла Масија“ во својата книга „Патот на шампионите“.

Тука се наоѓа и македонскиот фудбалер Давид Бабунски за кој се вели дека ја напушти Барселона и замина во Црвена звезда, па следуваше трансфер во Јапонија за екипите на Јокохама Ф. Маринос и Омија Ардија, а сега е член на романскиот Ботошани.

Покрај нашиот интернационалец на листата се и Ектор Белерин, Марк Бартра, Тиаго Алкантара, Кристиан Тељо, Жерар Деулофеу, Адама Траоре, Серхи Сампер.. а единствениот играч од оваа листа кој и натаму е во клубот е Серхи Роберто.

Сите Топ 50 најветувачки играчи од „Ла Масија“ во 2011 година, каде се сега тие? Повеќе прочитајте ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот