Азер Омерагиќ е петтото засилување на Вардар во летниот преоден рок

фото: ФК Вардар

Денеска фудбалскиот клуб Вардар пренесува дека Азер Омерагиќ е петтот засилување на тимот во летниот преоден рок.

Ова е враќање на 21 годишниот напаѓач кој потекнува од фудбалска академија на Вардар.

Доаѓа од екипата на Скопје, а во својата досегашна кариера беше дел од и екипите на Шкупи и Борец. Во Првата македонска фудбалска лига има забележано 32 настапи.

Претходно како нови играчи на Вардар се промовираа репрезентативецот на Андора, централниот дефанзивец Алберт Алаведра, крилниот играч Лука Трајкоски, бразилскиот играч од средниот ред Матеус Лемос и репрезентативецот на Македонија, Владица Брдаровски.

В недела скопските „црвено-црни“ ќе го имаат првиот натпревар од новата сезона во шампионатот, во првото коло гостуваат кај Брера Струмица.

ВАРДАР НЕ Е НА ПРОДАЖБА: До клубот пристигна финансиска понуда од Бугарската Фондација „Македонија“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот