Детска градинка. / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Азбестниот покрив на градинката „Изворче” во Злетово ќе биде променет со јапонска донација

Амбасадорот на Јапонија Хиронори Савада потпиша договор за „Грант помош на мали проекти за човекова безбедност” (GGP) со цел да се подобрат основните човекови потреби во Северна Македонија. Грант договорот беше потпишан со Општина Пробиштип и има за цел отстранување на стариот азбестен покрив и инсталација на нов покрив во градинката „Изворче” во Злетово, во вкупен износ од 77.975 евра.

Церемонијата за потпишување на проектот беше отворена од градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов, заедно со амбасадорот на Јапонија, Хиронори Савада.

Санацијата на кровот е неопходна како од технички, така и од еколошки аспект, а најважно од сè, за заштита на здравјето на децата и на вработените, вели Анастасов.

Во обраќањето, амбасадорот Савада истакна дека со инсталацијата на новиот покрив во градинката „Изворче” ќе се заштитат повеќе од 90 деца кои престојуваат во оваа градинка”.

Преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 73 училишта и градинки, 64 здравствени установи и обезбеди 34 специјализирано возило за управување со отпад и комунални услуги за 51 општина.

Јапонија континуирано ја поддржува Северна Македонија во различни сектори, како инфраструктурен развој, подобрување на здравствените услуги, образованието, животната средина, култура, помош при природни катастрофи и бегалски кризи како и итна помош која изнесува повеќе од 423 милиони евра како и друга нефинансиска помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот