Австралија вети уште построги закони за оружје откако терористи убија 15 луѓе во Сиднеј
Австралија вети построги закони за оружје во понеделникот, додека започна да жали за жртвите од најтешкото масовно пукање во земјата во последните речиси 30 години, во кое, татко и син убиле 15 луѓе за време на еврејска прослава на познатата плажа Бонди во Сиднеј, објави „Ројтерс“.
Препорачано
Убиствата отворија прашања дали австралиските закони за оружје, кои се меѓу најстрогите во светот, имаат потреба од промена. Полицијата соопшти дека постариот осомничен имал дозвола за огнено оружје од 2015 година, како и шест регистрирани парчиња оружје.
ФОТО | Вознемирувачки сцени во Сиднеј – се слушаат пукотници, луѓето панично бегаат
Премиерот Ентони Албанезе изјави дека неговиот кабинет се согласил да ги зајакне законите за оружје и да работи на национален регистар за огнено оружје, со цел да се регулираат прашања како бројот на оружја дозволени со една лиценца и времетраењето на нивната важност.
„Околностите на луѓето можат да се променат. Луѓето можат да се радикализираат со текот на времето. Лиценците не треба да важат засекогаш,“ им рече тој на новинарите.
Од двајцата напаѓачи, 50-годишниот татко бил убиен на местото на настанот, со што бројот на загинати се искачи на 16, додека неговиот 24-годишен син е во критична состојба во болница, соопшти полицијата.
Меѓу 40-те луѓе, кои биле пренесени во болница по нападот, се и двајца полицајци во сериозна, но стабилна состојба, додадоа тие.
Жртвите биле на возраст од 10 до 87 години.
Мажите беа идентификувани како Саџид Акрам и неговиот син Навид Акрам. Министерот за внатрешни работи Тони Берк рече дека таткото пристигнал во Австралија во 1998 година со студентска виза, додека неговиот син е роден во Австралија и е државјанин.
Полицијата не даде детали за нивното оружје, но видеа од местото на настанот покажуваат дека мажите пукале со оружје кое личи на репетирачка пушка со затворач и на пушка-сачмарка.
Две знамиња на милитантната група Исламска држава наводно биле пронајдени во возилото на напаѓачите.
Албанезе рече дека мерките што се разгледуваат се движат од ограничување на лиценците со неограничено времетраење, преку лимити за бројот на оружја што може да ги поседува еден човек, до ограничувања за видовите оружје што се легални, вклучително и нивни модификации, при што дозволите би биле ограничени само на австралиски државјани.


