Австралиец ја закопал жива неговата поранешна девојка откако таа го оставила

Полиција во Австралија / Фото EPA-EFE/JONO SEARLE

Маж од Аделаида, кој бил оставен од неговата поранешна девојка, ја врзал со селотејп и кабел пред да ја закопа жива во чин на одмазда, пренесува „Гардијан“. Тарикјот Синг (22) се изјаснил за виновен за убиството на 21-годишната студентка Јасмин Каур.

При поднесувањето на пресудата пред Врховниот суд на Јужна Австралија во средата, обвинителката Карман Матео рече дека Синг ја убил жената како чин на одмазда откако таа го оставила.

Обвинителката соопшти дека тој го планирал убиството пред да ја киднапира од нејзиното работно место во март 2021 година. Телото на Каур било пронајдено закопано во гроб во Моралана Крик. Била пронајдена со рацете врзани зад грб со кабел, а стапалата залепени со селотејп.

На Синг требало да му се суди оваа година, но се изјаснил за виновен на неговото судење во февруари.

Нему му се заканува доживотна затворска казна пред судот следниот месец да му одреди условно ослободување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот