Авион на „Рајанер” полета од Тулуз без сите патници

Летот на компанијата „Рајанер” од Тулуз кон Мароко замина петнаесет минути порано, но без да ги земе сите патници, кои биле на време на аеродромот, јави дописникот на МИА.

Патниците кои пристигнале навреме на аеродромот, но не полетаа, сепак беа на време за полетување, закажано за 7:25 часот. Но, кога пристигнале на терминалот за поаѓање, тие биле лошо изненадени кога откриле дека авионот веќе заминал, петнаесет минути порано.

Службата за клиенти на компанијата „Рајанер”, соопшти дека ќе се спроведе постапка за враќање на парите на патниците кои не беа во можност да полетаат, но, не им беше понудено решение да заминат за Мароко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот