Авганистанските мигранти во Италија/ Фото EPA-EFE/MASSIMO PERCOSSI

Авганистанските мигранти изеле отровни печурки во близина на кампот, 5-годишно дете починало

Лекарите во главната детска болница во Полска денеска соопштија дека петгодишното момче од Авганистан, неодамна евакуирано од Кабул, починало, а неговиот шестгодишен брат, се бори за живот, поради нарушуавање на црниот дроб и компликации со мозокот, откако тие изеле отровни печурки, пренесува АП.

Момчињата и нивната постара сестра биле хоспитализирани минатата недела.

Семејството собирало и јадело отровни печурки во шумата во близина на бегалскиот центар каде што престојувале во Подкова Лесна, во близина на Варшава.

Момчето кое почина било во кома.

Лекарите од Центарот за здравствена заштита на децата во Варшава рекле дека постариот брат успешно бил подложен на трансплантација на црн дроб, но дека оштетувањето на мозокот е значајно и опасно по живот.

Лекарите соопштија дека и родителите се во болница, под нивен надзор.

Нивниот 17-годишнен син е ослободен и е во добра состојба. Други членови на семејството се хоспитализирани во друга болница и се уште се опоравуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот