Атлетико Минеиро по пауза од 50 години стана шампион на Бразил и навивачите ги честеше тетовирање

Атлетико Минеиро по пауза од пет децении стана шампион на Бразил/ фото: EPA-EFE/Yuri Edmundo

Екипата на Атлетико Минеиро успеа да ја освои титулата во Бразил по точно пет децении и им приреди невообичаени изненадување на своите навивачи.

Навивачите чекаа точно 50 години на титулата и кога конечно дочекаа, клубот ги честеше  – тетовирање.
На одреден број навивачи, Атлетико Минеиро им овозможи освојувањето на титулата, бесплатно да „го насликаат“ на себе.

Најзаслужни за освојувањето на титулата се напаѓачите Диего Кошта и Хулк.
Хулк постигна 19 гола, додека иего Кошта поради повреда настапи на само 14 натпревари и постигна четири гола, но во секој случај даде огромен придонес во освојувањето на титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот