Атлетико Мадрид си купи бек за 24 милиони евра (ФОТО)

Фото: talksport.com

Денеска официјално овој трансфер на Трипиер го потврдија на Твитер првите луѓе на мадридскиот клуб.

За дефанзивецот воедно се шпекулираше дека би можел да ја продолжи кариерата во Италија, односно се веруваше дека е во преговори со Наполи.

Десниот бек на англиската репрезентација потпиша договор на три години, а за услугите ќе бидат исплатени 24 милиони евра.

Минатата сезона на Трипиер не беше доволно добра, па неговиот менаџер Маурицио Покетино одлучи да не го повика за предсезонската турнеја во Азија, а сега и да го продаде со цел да ангажира ново засилување за Тотенхем.

Пред овој фудбалер, на „Ванда Метрополитано“ дојдоа уште Жоао Феликс, Маркос Љоренте, Фелипе и Ренан Лоди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот