Атлетико Мадрид се засили со шампион на Јужна Америка

EPA-EFE/FERNANDO BIZERRA

Шпанскиот шампион Атлетико Мадрид го донесе првото големо засилување во летниот преоден рок. Атлетико потпиша петгодишен договор со аргентинскиот репрезентативец Родриго де Паул за 35 милиони евра.

Де Паул е херој на Аргентина која изминатиот викенд триумфира на Копа Америка, тој му асистираше на Анхел ди Марија за  победа над Бразил.

Де Паул во Атлетико Мадрид доаѓа од Удинезе, а иако можеше да бира каде ќе ја продолжи кариерата, тој се одлучи да работи со неговиот сонародник, Диего Симеоне кој го убеди дека „јорганџиите“ се идеален тим за него.

Минатата сезона во Серија А, Родриго де Паул постигна девет голови и имаше 10 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот