Атлетико Мадрид договори екстра засилување од Серија А

epa08548602 Udinese's Rodrigo De Paul in action during the Italian Serie A soccer match between Udinese Calcio and SS Lazio in Udine, Italy, 15 July 2020. EPA-EFE/GABRIELE MENIS

Аргентинскиот репрезентативец Родриго Де Паул е првото големо засилување за Атлетико Мадрид во летниот преоден рок.
Поголем број на релевантни извори меѓу кои се и италијанските новинари Фабрицио Романо и Матео Морето, потврдија дека вечерва се договорени и последните детали од трансферот и Де Паул ќе си замине од Удинезе и ќе го засили Атлетико Мадрид. Според информациите кои ги потврди и новинарот на Скај спорт Италија, Фабрицио Романо, Атлетико ќе плати 35 милиони евра обесштетување, а аргентинскиот репрезентативец ќе потпише петгодишен договор, односно до 2026 година.

Родриго Де Паул е роден 1994 година, а во Европа дојде од Расинг. Прва станица на стариот континент му беше Валенсија по што во 2016 година за само три милиони евра се пресели во Удинезе. За тимот од Удине одигра 184 натпревари во Серија А и постигна 34 гола и имаше 36 асистенции, а одличните игри за италијанскиот тим  го направија и стандарден во аргентинската репрезентација за која досега одигра 20 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот