Атлас Софас отвори салон во Македонија – ново место за луксуз и удобност

Минатата недела, на 25 март, во комплексот Порта Супериум во Скопје, свечено беше отворен првиот салон на Atlas Sofas, бренд кој носи нови стандарди во областа на луксузниот мебел.

Со отворањето на овој салон, македонската јавност доби можност да се запознае со ексклузивна колекција на софи и мебел за секој простор, создадени за оние кои бараат врвна удобност и естетика. Просторот е внимателно дизајниран за да понуди уникатно искуство – комбинација од архитектонска прецизност, современ дизајн и рафинирана атмосфера.

Свеченото отворање беше проследено со присуство на бројни гости, пријатели и соработници, кои ја споделија импресијата од новото поглавје на брендот во Македонија. Настанот се одвиваше во интимна и топла атмосфера, со акцент на визијата на Atlas Sofas да се позиционира како референтна точка за луксузен мебел на домашниот пазар.

„Нашата цел е да донесеме ново ниво на комфор и стил, да создадеме место каде секој детал зборува за квалитет и долготрајна удобност,“ истакнаа претставниците на брендот.

Салонот е отворен за посетители од понеделник до петок, во период од 10:00 до 20:00 часот, а во сабота од 10:00 до 17:00 часот, овозможувајќи им на љубителите на дизајнот и ентериерот доволно време да го откријат светот на Atlas Sofas.

Со ова отворање, Скопје добива ново место за инспирација и уживање, каде љубителите на дизајнот и ентериерот ќе можат да најдат производи што ја претставуваат суштината на луксузот – удобност која трае.


Спонзорирана објава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот