Атанасоски: Бугарија самата си даде мат

Благојче Атанасоски
Благојче Атанасоски. / Фото: Архива на Слободен печат

Идната политичка влада на Бугарија ќе трпи последици од тоа што официјална Софија опстоја на уценувачките позиции кон Македонија, наспроти пораките од САД и клучните европски држави Германија и Гранција, оценува политикологот и историчар Благојче Атанасоски.

– Бугарија сега се наоѓа во мат позиција. Од една страна таа ги подигна влоговите со ветото. Нејзините политички елити сакаа да добијат поголеми отстапки од наша страна и го насочија фокусот на бугарските граѓани кон ова прашање, а од друга страна веќе се соочуваат и во иднина уште повеќе ќе се соочуваат со зголемен притисок од страна на најмоќните ЕУ земји-членки, но и од американската дипломатија и администрација. И покрај тоа што САД не се членка на ЕУ, нормално тие можеби се позаинтересирани за влечењето на Западен Балкан во ЕУ како геополитички проект на заокружување на западната безбедносна архитектура во овој дел на Европа! Што значи, Бугарија номинално стави вето на Македонија, но во суштина стави вето на американските интереси на Западниот Балкан, а намерно или несвесно одигра во корист на руските – вели Атанасоски за „Слободен печат“.

Тој оценува дека бугарскиот државен врв ќе биде исправени пред се поголем притисок за да се откочат блокираните евроинтеграциии на земјите од Западен Балкан, но резултатот од тој притисок нема да биде добар ниту за Македонија.

– Најверојатно при идна политичка влада ќе има зголемен притисок врз официјална Софија, но решението ќе биде веројатно подеднакво незадоволително за двете страни, бидејќи во ваков спор многу е тешко да извлечете ,,вин-вин“ позиција. Ако годинава или најдоцна идната година не се реши годинава статусот на Македонија, не само што ЕУ ризикува зголемен евроскептицизам, туку веројатно целосно ќе се изгуби проектирана ЕУ-иднина за сите шест земји и повторно регионот ќе биде ,,на линијата на огнот“ меѓу спротиставените интереси на западните големи сили и евроазиските деспотии во прв ред Русија и Кина – оценува Атанасоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот