„Астрономски“ скап костум е доволно издржлив за на Месечината и ремек-дело за модни ревии

НАСА костим / Фото Јутуб

Дизајнирањето на костумот, изборот на материјалите, идеалниот ергономски крој и вткајувањето на електронските уреди ја кренаа цената на лунарниот скафандер на астрономски височини – до 228 милиони долари

Астронаутите му се восхитуваат на квалитетот, а дизајнерите и „обичните смртници“ на изгледот на новиот лунарен сканфандер што ќе го носат првите луѓе што по пауза од половина век ќе зачекорат на Месечината.

Скафандерот „Аксему“ е дизајниран од студиото „Аксиом спејс“ за мисијата на НАСА „Артемис 3“, со која е предвидено прво чекорење на човек на Месечината, по пауза од половина век. Дизајнирањето на костумот, изборот на материјалите, идеалниот ергономски крој и вткајувањето на електронските уреди ја кренаа цената на лунарниот скафандер на астрономски височини – до 228 милиони долари.

Но, парите не се фрлени попусто. НАСА најавува дека овој пат „не оди до Месечината на излет, туку за да остане таму“, а за тоа е неопходна врвна заштита на астронаутите од студ и топлина какви што нема на Земјата, од микрогравитација и радијација. Астронаутите во „Аксему“ веќе во 2025 година ќе се спуштат на лунарниот Јужен пол, каде што температурите се спуштаат до минус 167 Целзиусови степени. Тие скафандри, сепак, нема да бидат темни со портокалови и сини детали, како што беа промовираните прототипи, туку бели како и сите пред нив, за да ја рефлектираат радијацијата и да ги штитат астронаутите од екстремно високи температури.

– Повеќе од 40 години практично користевме ист скафандер, врз основа на технологијата од програмата Аполо. Ќе имаме безбеден костум, кој ќе им овозможи голема слобода на движење на астронаутите – вели Ванеса Вајч, директорка на Вселенскиот центар „Џонсон“ на НАСА.

Во скафандерот е вградена иновативна технологија. На визирот е вградена камера со висока резолуција и светилка. Во ранецот, пак, има систем за одржување во живот, а чизмите се зајакнати со изолација и грејачи.

Но, за остварување на сонот за долго престојување на Месечината ќе бидат потребни уште помоќни скафандри. За таа цел НАСА ги повика сите заинтересирани приватни компании да понудат свои модели за проект чија вредност се проценува на 3,5 милијарди долари.

ВИДЕО | НАСА го претстави новиот костим за астронаутите кои ќе слетаат на Месечината

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот