Асоцијација на кошаркари најавува „потрес“ доколку клубовите не си ги исполнат своите обврски кои нив

Асоцијацијата на кошаркарски играчи денеска упати последна опомена и побара од клубовите да им го исплатат тоа што им го должат на кошаркарите. Асоцијацијата бара челниците на екипите во мак-баскетот ги компензираат долговите кои ги имаат кон своите играчи за минатата сезона која беше прекината поради пандемијата на коронавирусот.

Според Асоцијацијата ниту една екипа ги нема во целост исполнето обврските од договорите кои своите играчи и досега неколку пати побара средба со сите релевантни фактори во кошарката, Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ), клубовите од првата лига како и Здружението на Прва лига.

Токму ова соопштение е последен апел и барање за итно започнување на дијалот за да се дојде до заедничко решение, во спротивно кошаркарите ќе „експлодираат“.

„Другата страна останува незаинтересирана за изнаоѓање заедничко прифатливо решение, па затоа овој апел е последен пред преземање драстични мерки“, стои во дел од соопштението на Асоцијацијата на кошаркарски играчи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот