Фото: mkd.basketball

Ашаданов повика 16 кошаркарки за ноемвриските евро-квалификации

Селекторот на македонската женска сениорска репрезентација, Александар Ашаданов, го објави списокот на кошаркарки на кои ќе смета за претстојните натпревари во рамки на првиот квалификациски ФИБА „прозорец“ за Евробаскетот во 2027 година.

Согласно со планираните активности, нашите најдобри кошаркарки ќе тренираат во Скопје, Првиот собир е закажан за 10 ноември (понеделник) со почеток од 19.00 часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Во првиот дел од квалификациите од групата „Ф“, сениорките ќе одиграат три натпревари, два на домашен терен – против соодветните национални селекции на Данска и на Грција, и еден на гостински терен, против соодветната селекција на Хрватска.

Распоред на натпреварите

12.11.2025: Македонија – Данска

15.11.2025: Македонија – Грција

18.11.2025: Хрватска – Македонија

Список на повикани кошаркарки за ноемвриски ФИБА „прозорец“

1.Анџелика Митрашиновиќ (Фрибург-Швајцарија)
2.Илина Селцова (Серко Уни Ѓер-Унгарија)
3.Мерит Хемпе (Сарагоса-Шпанија)
4.Александра Стојановска (Неа Јониа-Грција)
5.Матеа Николиќ (Баскет Алкамо – Италија)
6.Тијана Митрева (Баскет Алкамо – Италија)
7. Милица Николиќ (Рас-Србија)
8. Ања Начевска Мега-Србија)

9. Ивана Кметовска (Баскет Кам 2011)
10.Цветанка Димова (Баскет Кам 2011)
11.Михаела Алексовска (Крива Паланка)
12.Мартина Маркоска (Бадел 1862)
13.Ива Чолакоска (Бадел 1862)
14.Марија Николов (Бадел 1862)
15.Елена Тасевска (Вардар)
16.Јана Пислевска (Вардар)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот