Фото: mkd.basketball

Ашаданов по мечот со Хрватска: Ова е дел од процесот на градење на тимот

Селекторот на македонската женска сениорска репрезентација, Александар Ашаданов има само пофални зборови за своите кошаркарки, без оглед на конечниот исход на средбата со Хрватска во која загубија со 91:53 во квалификациите за Евробаскет 2027.

-Пред стартот на овој квалификациски „прозорец“, во договор со федерацијата, направивме значително подмладување на репрезентацијата, со цел да изградиме тим кој ќе носи резултати во иднина. Свесни бевме дека како млада екипа нè очекува тежок натпревар. Имавме добри моменти, а младите играчи покажаа карактер и борбеност, Сепак, во клучните ситуации недостасуваше искуство и концентрација – вели Ашаданов.

Додава дека ова е само некој прв чекор од процесот на градење на тимот:

-Од натпревар во натпревар девојките покажуваат сè подобра игра и докажаа дека заслужуваат шанса и доверба. Ова е дел од процесот на градење на тимот и верувам дека од ваквите натпревари ќе излеземе посилни. Продолжуваме да работиме и да се подобруваме – најавува селекторот на сениорскиот национален тим.

Нашата селекција ги заврши квалификациите за ЕП 2027 на последното четврто место со учинок од една победа (против Данска) и пет порази. Првото место го освои Хрватска, а второпласирана беше репрезентацијата на Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот