Артета: Првите неколку недели откако Сити стана шампион беа многу тешки

фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Арсенал го победи Манчестер сити и го освои „Комјунити Шилд“ по подоброто изведување пенали така дојде првиот трофеј во новата сезона.

Арсенал го урна ривалот кој му ја одзеде шампионската титула во драматичната завршница од минатата сезона, а „ученикот“ Микел Артета забележа победа против својот поранешен ментор Пеп Гвардиола, кому му беше асистент во Сити пред да го преземе Арсенал. По мечот, Артета се осврна на загубената титула:

– Првите неколку недели откако Сити стана шампион беа многу тешки. Првото нешто што треба да направите е да се погледнете во огледало и да сфатите – дали има нешто што требаше да го направите подобро или поинаку? Ако е така, научете од тоа. Проценете се сами. Дали сте сè уште вистинската личност да го водите клубот, тимот, напред на начинот на кој сакате и дали ја имате таа енергија и таа верба дека сакате да го направите тоа? Беше потребно многу размислување, но одговорот е „да“ и чувствувам многу енергија и позитивност – вели Артета.

Арсенал имаше осум бода повеќе од Сити на почетокот на април, но ја загуби предноста од два гола во меѓусебните натпревари против Вест Хем и Ливерпул, дозволувајќи им на своите противници да се вратат, да ремизираат и да му ги откинат клучните бодови во трката за титулата.

Инаку новата сезона во Премиер лигата (2023/2024) официјално ќе почне на 11 август кога Манчестер сити ќе му гостува на Барнли, додека Арсенал следниот ден ќе го пречека Нотингем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот