Арсовска: Од вкупниот буџет 3% за директна поддршка за приватниот сектор

Претседателката на Сојуз на стопански комори на Мак­­едонија, Данела Арсовска го коментираше предлог-буџетот кој вчера беше усвоен од страна на Владата.

Таа започнува најпрво со претпоставката за раст на економијата врз која се базира приходната страна на буџетот, при што веднаш се доведува во прашање целата негова конструкција.

Во состојба на континуирани политички превирања имаше потфрлање на повеќе полиња во изминатата година, особено во делот на реализација на капиталните инвестиции, дополнително треба да се има предвид дека компаниите генерираат се помали добивки.

Затоа нејасно е врз кои параметри е базиран проектираниот раст од 3,8% идната година, со оглед на тоа што влегуваме во изборна година и во првите 6 месеци од годината до конституирање на нова влада се ќе биде во застој поради неизвесноста, доколку се одржат изборите во април 2020 година.

За начинот на кој се планира да се трошат буџетските средства можеше да има поголема транспарентност со што ресорното министерство, преку широка стручна дебата ќе добиеше и инпут од засегнатите страни за тоа како да се подобри структурата на јавните трошења, но и за тоа колку приходната страна е реална.

Од оние информации кои циркулираат во јавноста, заклучокот е дека буџетот е наменет за зголемувањето на платите во образованието, здравството и зголемување на пензиите, но не и како тоа ќе помогне стопанството и граѓаните да добијат подобри услуги, бидејќи системските проблеми нема да се решат на овој начин ниту ќе порасне продуктивноста на компаниите кои го полнат буџетот за да можат да издржат повисоки плати и трошоци.

Од друга страна, трпат капиталните инвестиции, поле на кое се потфрли изминатата година, имајќи предвид дека имаме стратешка заложба за инфраструктурно поврзување на Македонија за побрз проток кое треба да остане во приоритетите, но и дека на овој начин се стимулира работата на над 20 стопански гранки.

Финално, финансирање на трошења кои нема да стимулираат раст на продуктивноста и подобрување на условите за работа на субјектите во приватниот сектор кој е двигател на економијата, е тешка одлука за која креаторите на буџетот ќе имаат одговорност не само пред вработените во јавната администрација и пензионерите, туку и пред приватниот сектот кој вработува 80% од вкупниот број граѓани во државата. Од буџетот тежок 3,9 милијарди евра за 2020 година, 109 милиони евра или околу 3 % се наменети за директна поддршка на приватниот сектор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот