Арсовска: Градот плаќаше кај „Слобода превоз“, превозниците таму нека прашаат каде се парите

Фото: принтскрин

Скопската градоначалничка Данела Арсовска во интервју за „360 степени“ вечерва рече дека Градот имал „чиста“ позиција во однос на спорот со приватните автобуски превозници, кои цела недела го блокираа центарот на главниот град, тврдејќи дека локалните власти им должат над милион евра.

Вината за сообраќајната парализа од изминатите денови Арсовска ја лоцира кај здружението „Слобода превоз“ бидејќи, како што тврди, сите пари ЈСП ги исплаќало кон ова правно лице со кое имало склучен договор. За објаснување околу парите кои тврдат дека не ги виделе, градоначалничката ги упати превозниците да прашаат во „Слобода превоз“. Таа вели дека се несериозни тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека од јавниот превоз во Скопје ги истиснува „Слобода превоз“ и „Макекспрес“, за бизнисот да го преземе бугарска фирма.

„Јас на телевизија видов луѓе што изјавија дека по неколку месеци не им е исплаќано. Граѓаните треба да знаат дека Град Скопје има договор само со едно правно лице и нему континуирано му се исплаќа, а еве ги секојдневните исплати. Е сега како, колку и дали тоа правно лице исплаќало, ние не знаеме. До 8 ноември, додека не почнаа овие протести и блокади, ЈСП редовно си исплаќаше до „Слобода превоз“. Ние знаеме колку средства се исплатени и инстуциите си имаат начин да постапат и да се види која е вистината. Оној што ја направи целата збрка реши да се повлече, да се изолира и тоа доволно кажува. Ниту еден од овие луѓе кои велат дека сакаат чесно да си го заработат лебот нема да дозволиме да остане на улица. Но, некој да манипулира, да тера политика преку нив и да се обидува да го парализира градот – тоа нема да го дозволиме, особено не со закани и со уцени,“ рече Арсовска во гостувањето во „360 степени“.

Град Скопје го раскина договорот со „Слобода превоз“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот