Данела Арсовска / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Арсовска го прозива Абази од ОЈО ГОКК за градбите во Чаир: 1.500 семејства живеат во небезбедни згради

Поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, упати јавно прашање до Ислам Абази од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, барајќи конкретни чекори за заштита на граѓаните и спречување на криминалните активности во општина Чаир.

Во објавата на „Фејсбук“, таа тврди дека доставила илјадници страници непобитни докази за случаи на криминал и фалсификати, при кои, како што наведува, деца на петгодишна возраст стекнале милионско богатство со пари од нелегални извори.

„Време е да покажете дека стоите на страната на законот и дека безбедноста на луѓето ви е важна. Во спротивно, за секоја човечка и материјална штета ќе бидете лично одговорни“, порача Арсовска.

Според неа, над 1.500 семејства во Скопје живеат во небезбедни згради, градени без дозволи, проекти и без исполнување на основните стандарди, со потенцијал за трагедии при природни непогоди или земјотрес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот