Арсовска го посети градилиштето на мегапаркот „Даме Груев“ во Ѓорче, без градоначалникот на општината

Фото: Данела Арсовска / Фејсбук

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска изврши увид во градежните работи во мегапаркот „Даме Груев” во општина Ѓорче Петров. На нејзината посета не ја придружуваше градоначалникот на скопската општина Александар Стојковски, кој е кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Градоначалничката и партијата со чија поддршка беше избрана на функцијата ги расипаа односите овој месец, откако Арсовска го разреши в.д. директорот на „Водовод и канализација“ и го обвини дека „го местел“ тендерот за изградба на пречистителна станица за води во главниот град, вреден 136 милиони евра.

Како што информира Град Скопје, ЈП „Улици и патишта” на терен веќе работи на инфраструктурното уредување на паркот, кое се одвива со „одлична динамика„, додека ЈП „Паркови и зеленило” ја изведуваат првата фаза од овој нов мегапарк. Се изведува подготвително рамнење на површината, прекопување и целосно обележување согласно со проектот за парковската површина.

-Во оваа фаза се врши трасирање на пешачките и велосипедските патеки и просторот за останатите содржини, а се поставуваат и потребните подземни инсталации.Изведбата на градежните активности се одвива соогласно однапред определените временски рокови, се наведува во соопштението.

Соогласно проектот, работните активности и хортикултурното уредување на мега паркот предвидува четири фази на изведба. Паркот е предвидено да биде составен од три дела, со вкупна површина од над 30.000 квадратни метри. Во паркот е предвидено да бидат засадени над 2.200 дрвја. Паркот се гради на локација на која беше исчистена огромна дива депонија од над 50.000 квадратни метри.

-Oва е првиот од петте мега паркови кои ќе се градат на територија на Град Скопје, а се дел од програмата „За модерно Скопје” на градоначалничката Арсовска, посочуваат градските власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот