Арсенал си најде засилување во Јувентус

Артур Мело вториот дел од сезоната ќе го помине како играч на Арсенал/ фото: EPA-EFE/Raul Martinez

Арсенал ја заврши потрагата по играч во средниот ред кого го најде во Серија А, пренесуваат италијанските медиуми.

„Топчиите“ се договорија со Јувентус, БразилецотАртур Мело вториот дел од сезоната да го одигра во Премиер лигата и тоа како позајмен играч.

Станува збор за едноставна позајмица без задолжителен откуп на крајот од сезоната, а англискиот тим се обврза да му исплаќа платата на Мело до јуни годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот