Арсенал: Многу сме разочарани од Кошчелни!

arsenal.com

„Топчиите“ летово ќе ја темпираат формата за наредната натпреварувачка сезона 2019/2020, но изненадувачки налетаа на „проблем“.

– Многу сме разочарани од потегот на Кошчелни, што е надвор од нашите јасни правила. Се надеваме дека ќе најдеме решение на овој проблем и нема да даваме дополнителни коментари – вели Арсенал во своето соопштение.

 

Францускиот интернационалец (33) е во завршната година од својот договор со клубот од „Емирати“.

Кошчелни очигледно бара предвреме да ја раскине соработката, а се шпекулира дека има три понуди од француската „Лига 1“.

Од 2010 година е член на лондонскиот тим и досега централниот бек имаше 255 натпревари и 22 голови. Претходно во кариерата беше дел од Генгам, Тур и Лориен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот