Аргентинец доаѓа во РК Вардар?

твитер

Новото раководство на европскиот ракометен шампион Вардар предводено од Михајло Михајловски сè уште не заврши со засилувањата и пикира Аргентинец.

Според шпанските медиуми, Вардар е заинтересиран за Пабло Симонет кој настапува за екипата на Енкантада.

Пабло Симонет не е најпознатиот ракометар во своето семејство, негов брат е најдобриот аргентински играч Диего Симонет кој настапува за екипата на Монпелје.

Пабло е среден бек, позиција која остана испразнета откако и Сташ Скубе си замина поради тешката финансиска состојба пред доаѓањето на Михајловски на чело на клубот.

Се очекува во наредните неколку денови да се одржат нови преговори со шпанскиот прволигаш по што конечно ќе се знае далли Пабло Симонет ќе го облече „црвено-црниот“ дрес, а блиску до потпис со Вардар е и македонското репрезентативно крило, Гоце Георгиевски кој си замина од ЧСМ Букурешт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот