Арда Туран се врати во клубот каде што ја почна кариерата (ВИДЕО)

twitter.com/barcacentre

Турскиот фудбалер Арда Туран минатиот месец стана слободен играч откако му истече договор со Барселона.

Скоро една година нема одиграно натпревар, во јануари ја прекина позајмицата во Башакшехир. Се врати во Барселона каде што тренираше целосно сам и чекаше само да истече неговиот договор.

33-годишниот фудбалер денеска официјално пронајде нов предизвик, односно беше промовиран како нов играч на Галатасарај.

Токму овој клуб беше неговиот прв во професионалната кариера, во периодот од 2005-2011 година имаше учинок од 29 голови во 130 натпревари. Воедно ја освои титулата во првенството во сезоната 2007/2008.

Играше и во Шпанија, за Атлетико Мадрид имаше по една титула во „Ла Лига“, „Копа дел Реј“, Лига Европа и УЕФА Суперкупот, а со Барселона еднаш ја освои „Ла Лига“, како и националниот Суперкуп, а двапати „Копа дел Реј“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот