Арцелор Митал ги затвора погоните на Коксара во Зеница

Во обид да ги намали загубите, индиско-британската компанија АрцелорМитал Зеница во четврток ќе ги затвори погоните на Коксара, објави компанијата, најавувајќи дека ќе вложи максимални напори за да обезбеди долгорочна одржливост на производството на челик во Зеница.

Како што се наведува, во текот на целиот ден ќе се одвива процес кој подразбира прекин на производството на кокс гас потребен за производство на челик, пренесува Хина. Извршниот директор на компанијата Нихил Мехта рече дека затворањето на Коксара е тежок удар за оваа компанија која на крајот на 2023 година забележа нето загуба од 80 милиони евра.

На работниците им беа понудени други работни места Според неговите изјави, процесот на згаснување на производството нема да има последици ниту за работниците, ниту за граѓаните. И покрај згаснувањето на комбинатот Коксара, челичарницата во Зеница нема да престане со работа. Од 2004 година, Железара Зеница е во сопственост на Арцелор Митал, вториот по големина производител на челик во светот, во сопственост на Лакшми Митал, британски државјанин со индиско потекло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот