Апостолска jа посети домашната компанија „Мегатехна“ во Скопје

Владата активно работи на создавање на атмосфера компаниите да инвестираат, да растат и да се развиваат, да создаваат нови и добро платени работни места за граѓаните, порача министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска при денешната посета на компанијата „Мегатехна“ во Скопје,  која се занимава со производство на материјали за мебел.

На средбата со менаџментот на компанијата, министерката Апостолска истакна дека со Законот за финансиска поддршка на инвестициите и неговите измени е направен исклучителен прогрес во системот на поддршка на компаниите во реализацијата на нови инвестиции, со што преку конкретни форми на поддршка им се обезбедуваат услови за одржлив раст и развој, како и стимулации за реализација на нови вработувања.

– Владата ја препознава потребата на стопанството за квалитетна и мотивирана работа сила и затоа гради мерки кои ќе понудат значајна поддршка на компаниите и во овој сегмент. Дуалното образование се интегрира во образовниот систем од каде се очекува да се зголеми фондот на квалификувана работна сила, со напредни вештини и знаења, која ќе биде достапна за стопанството – рече министерката Апостолска.

Министерката Апостолска направи обиколка на производствените капацитети на компанијата, се запозна со развојните планови и модернизацијата на производството, притоа изразувајќи задоволство што може да се увери во реалните придобивки кои ги испорачува Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот