27 АПРИЛ КРВАВИОТ ЧЕТВРТОК КРВАВ ЧЕТВРТОК
27 април / EPA/GEORGI LICOVSKI

Апелација ги одби осудените за „27 април“, нема да има повторно судење

Осудените за насилството при упадот во Собранието на 27 април 2017 година останаа и без последната надеж дека ќе се повтори судењето, откако Апелациониот суд донесе одлука со која барањето не им се прифаќа, објави „Фокус“.

„Жалбата е неоснована. Судиот го ценеше жабениот наод за сторена суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од член 415 ст.1 т.11 од ЗКП, меѓутоа истиот не го прифати како основан, со оглед да образложеноро решението не содржи такви недсостатоци поради кои што не би можело да биде испитано во однос на неговата правилност и законитост, изреката на решението е јасна и разбирлива, а во образложението се содржани доволно причини за решителните факти и заземени правни ставови на судот“, се вели во одлуката на Апелација.

Одлуката е потврда на решението на Кривичниот суд од декември, во кое исто така се вели дека нема законски простор за повторување на постапката.

Обвинетите во неколку наврати најавуваа дека целта им е повторување на судењето и дека не бараат амнестија.

За упадот во Собранието во затвор се 16 луѓе, правосилно осудени на казни од 7 до 16 години затвор за делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Највисока казна од 16 години доби ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност, кој беше осуден дека командувал со протестите и со упадот во законодавниот дом.

Дел од обвинетите во случајот добија амнестија со законот кој беше донесен во Собранието кон крајот на 2018-та, а меѓу нив беа тогашни пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, од кои неколкумина претходно гласаа за промена на името на државата, што во јавноста беше протолкувано како очигледен пазар со тогашната власт на Зоран Заев.

Обвинет за „27 април“ кој седум години бегаше и се предаде, сега е ослободен – го опфатила амнестијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот