Апел од професор Даниловски до надлежните: Престанете да вакцинирате луѓе што прележале ковид!

Фото: Архива на „Словоден печат“

Професорот на Медицинскиот факултет доктор Драган Даниловски, за „Слободен печат“ вели дека во земјава повеќе нема епидемија, туку одржување на вирусот на ниво на спорадични заразувања.

– Тоа значи дека немаме веќе ланци на инфекции. Олабавувањето на мерките соодветствува на епидемиолошката ситуација. Според критериумите на Европскиот центар за контрола на болести, 14-дневната инциденција на 100 илјади жители, штом ќе падне под 20, се прогласува прво, најповолно ниво во однос на епидемиолошките ризици. Кај нас е 13. Исто така, процентот на позитивни тестови, ако биде две недели под 3, за нашите граѓани нема рестрикции за патување. Кај нас повеќе од 2 недели се држи меѓу 1 и 0,3 проценти. Во секој поглед сме во таканаречената ,,зелена зона”. При ваква епидемиолошка ситуација, рестрикции воопшто не се потребни! Време е да се однесуваме како да нема воопшто пандемија, но мораме да се подготвуваме како утре да ќе ни се случи епидемија. Затоа, олабавувањето важи само за општите рестрикции. Индивидуалните мерки, носењето маска во затворен простор и понатаму треба да ги почитуваме. Зошто? Затоа што вирусот сепак е присутен, ретко, ама тука е. Ризиците ќе станат теоретски тогаш кога 80 до 85 проценти од населението ќе биде имуно, на природен начин или со вакцинација. И тој процент треба што побрзо да го постигнеме. Затоа, апелирам до граѓаните: Вие што сте прележале, поседувате имунитет најмалку пола година и повеќе. Бидете солидарни и не се вакцинирајте сега. Дозволете тоа прво да го сторат оние кои воопшто немаат имунитет. Така побрзо ќе дојдеме до посакуваната цел, достигнување на 80 до 85 проценти колективен имунитет. Зашто есента полека наближува, а делта мутантот демне, предупредува професорот.

Тој апелира и до надлежните да не дозволуваат да се вакцинираат веќе прележаните се додека има непрележани невакцинирани.

– За таа цел, неопходно е на пунктовите, при анкетирањето, граѓанинот да се праша дали и кога прележал ковид, истакна Даниловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот