Јавноста не прави разлика меѓу науката и стравот од хантавирусот создаден на интернет, објаснува епидемиологот Даниловски
Хантавирусот деновиве стана новата суровина за глобалната индустрија на страв. Доволен беше еден изолиран настан на крузер во Јужниот Атлантик за интернет-просторот повторно да експлодира со апокалиптични сценарија, „предвидувања“, мистериозни објави од минатото, сомнежи за глобални агенди и рециклирани теории за контрола на човештвото, напиша епидемиологот д-р Драган Даниловски во својата објава на социјалната мрежа …

