Драган Даниловски Фото: Screenshot/YouTube

Јавноста не прави разлика меѓу науката и стравот од хантавирусот создаден на интернет, објаснува епидемиологот Даниловски

Речиси по автоматизам, повторно почнаа да циркулираат истите зборови: пандемија, контрола, депопулација, мРНК, „1984“. Како да постои готов шаблон, додава епидемиологот, што се активира секогаш кога во медиумите ќе се појави името на некој вирус, вели епидемиологот д-р Драган Даниловски.

Хантавирусот деновиве стана новата суровина за глобалната индустрија на страв. Доволен беше еден изолиран настан на крузер во Јужниот Атлантик за интернет-просторот повторно да експлодира со апокалиптични сценарија, „предвидувања“, мистериозни објави од минатото, сомнежи за глобални агенди и рециклирани теории за контрола на човештвото, напиша епидемиологот д-р Драган Даниловски во својата објава на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Речиси по автоматизам, вели тој, повторно почнаа да циркулираат истите зборови: пандемија, контрола, депопулација, мРНК, „1984“. Како да постои готов шаблон, додава епидемиологот, што се активира секогаш кога во медиумите ќе се појави името на некој вирус.

„Во меѓувреме, јавноста постепено престанува да прави разлика меѓу епидемиологија и алгоритамски произведен страв. Особено загрижува фактот што во таквата атмосфера понекогаш активно учествуваат и здравствени професионалци чијшто јавно изговорен збор носи огромна тежина, зашто, покрај името им стои титула доктор. По ковид-пандемијата, општеството остана психолошки преосетливо на теми поврзани со инфективни болести.
Доволни се неколку драматични формулации, неколку недоискажани инсинуации и една фотографија со лабораториски амбиент, за кај дел од населението повторно да се активира чувството дека ‘нешто се подготвува’. Во таков контекст, јавната комуникација на медицинската фела повеќе не е приватна работа – лаф-муабет во кафуле. Социјалните мрежи (веќе) се масовен медиум. А алгоритмите наградуваат страв,“ вели д-р Даниловски.

СЗО објаснува: Хантавирусот не е како ковид-19

„Хантавирусите не се ништо ново“

Хантавирусите, пак, објаснува епидемиологот, не се нов феномен што вчера се појавил во лабораторија. Тие се одамна познати во медицината. Претставуваат група вируси поврзани со глодари, кои се нивен природен резервоар. Луѓето, потенцира тој, најчесто се инфицираат преку контакт со аеросоли контаминирани со измет, урина или плунка од заразени глодари.

„Дел од нив се присутни на европскиот континент, Азија и Африка (подгрупа на Хантавируси на Стариот свет – Old World Hantaviruses). Ендемско подрачје е Балканот. Друг дел од нив (подгрупа на Хантавируси на Новиот свет – New World Hantaviruses) ‘владее’ со обете Америки. Ендемско подрачје се Аргентина и Чиле. Иако двете подгрупи се сродни, тие се разликуваат по тоа што предизвикуваат различни видови болести кај хуманите домаќини. Вирусите во подгрупата на Новиот свет предизвикуваат болест позната како ‘хантавирусен пулмонален синдром’ со десетици заболени секоја година и смртност од 20-40 отсто. Вирусите во подгрупата на Стариот свет предизвикуваат болест позната како ‘хеморагична треска со бубрежен синдром’, со стотици заболени секоја година и со смртност од 1-15 отсто. Балканот има сопствено искуство со хеморагичната треска со бубрежен синдром. Во подгрупата на Новиот свет постои типот Andes вирус, (причинител на епидемијата на крузерот „Хондиус“). Само кај овој тип е опишан и пренос од човек на човек! Многу важно! Тој вирус не циркулира кај нас. Ниту постои ризик да ‘скокне’ од некој од заразените на крузерот. Поради тоа, во моментот не постојат индикации за сценарио што би наликувало на ковид-пандемијата“, објаснува епидемиологот.

40 патници го напуштиле крузерот по првиот смртен случај од хантавирус — надлежните трагаат по нив

„Каква е контролата на глодарите“

Д-р Даниловски, сепак, влеи дека „истовремено, постојат реални причини за внимателност“.

„Темата за хантавирусите отвора едно многу приземно и локално прашање: каква е состојбата со урбаната хигиена, дератизацијата и контролата на глодарите во македонските градови? Во изминатиот период, Скопје и други средини се соочуваа со сериозни проблеми со отпадот. Контејнери преполни со денови. Купишта смет покрај улици. Расфрлан органски отпад. Диви депонии. ‘Мијазма’ на 21 век!“, алармира епидемиологот.

Таквите услови, објаснува тој, неизбежно создаваат средина погодна за експанзија на популацијата на стаорци и на глувци кои претставуваат потенцијален резервоар за повеќе инфективни заболувања, вклучително и за хантавирусните инфекции. Токму затоа, вели Даниловски, прагот на летото е момент кога институциите треба сериозно да пристапат кон дератизација, дезинфекција, санитарен надзор, урбана хигиена и контрола на дивите депонии поради елементарна епидемиолошка логика.

„Крајно време е да научиме да правиме разлика меѓу реален јавно-здравствен ризик и интернет-фантазија што живее од колективниот страв. На јавноста денес ѝ се потребни точни информации, трезвеност и превенција. Не ни треба нова паника,“ заклучува епидемиологот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот