Фото: RDNE Stock project/Pexels

Антрополог од Оксфорд открива: Еве што мажите прво забележуваат кај жените, бидејќи ги асоцира на плодност

Се бараат одговори за тајните на привлечноста помеѓу жените и мажите, со цел да се открие мистеријата на таа посебна хемија што понекогаш може да се разгори и во еден момент.

Антропологот Ана Мачин од Оксфорд во својата нова книга „Зошто сакаме“ собрала бројни истражувања за машко-женските односи и разговарала со многу експерти, со цел да открие кои се најголемите разлики меѓу половите, односно што едни кај други најчесто прво забележуваат.

Ана Мачин открила за „Дејли мејл“ дека жените прво го гледаат односот на рамената и половината на мажите, и пожелно е нивните рамена да бидат широки и да формираат облик на триаголник, како и половината да биде потесна. Исто така, на жените им се допаѓа симетрично лице кај мажите бидејќи, како што потсвесно мислат, тоа е показател за добра генетика, што за нив е знак дека мажот може да ги заштити и да се посвети на семејството.

Мажите, од друга страна, се „програмирани“ прво да ги забележат колковите кај жените, односно дали имаат градба на песочен часовник, бидејќи тесната половина и широките колкови им укажуваат на здравје и плодност, понекогаш тоа се случува и потсвесно.

Во експеримент спроведен во Тексас во 2015 година, научниците откриле дека мажите, како и жените, прво се фокусирале и поминале најдолго време гледајќи го стомакот на непозната жена пред да се префрлат на нејзиното лице, што сугерира дека кога одлучуваме кој ни одговара како потенцијален партнер/ка или кога добиваме информации за нашата конкуренција, односот на половината и колковите е една од првите информации што нашиот мозок ги обработува.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот