Антонио Бандерас ја доби битката против коронавирусот (ФОТО)

профимедиа

Славниот актер Антонио Бандерас неодамна на неговиот 60-ти роденден откри дека е заразен со коронавирус.

– Сакам да објавам дека сум присилен да го прославам 60-тиот роденден во карантин, затоа што сум позитивен за ковид-19, што го предизвикува коронавирусот – напиша тој на Твитер во тоа време. Јас би додал дека се чувствувам релативно добро, малку поуморен од вообичаеното и сигурен сум дека ќе се опоравам што е можно побрзо – напиша тогаш Бандерас.

Сега актерот напиша дека го победил ковид-19 по 21 ден успешно лекување, а оваа вест тој ја објави на својот Инстаграм профил.

– После 21 ден на дисциплинирана изолација можам да кажам дека ја победив коронавирусната инфекција. Јас сум излечен. Мислите ми се со оние кои не биле толку среќни колку што сум бил јас и со оние кои претрпеа повеќе од мене. Им посакувам сила и на оние што се во „битка“ – напиша тој покрај интересната фотографија на која буквално се чини дека му го задава последниот удар на вирусот.

Актерот изолацијата ја помина во Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот