Антитерористичка операција во Белгија, биле планирани напади

Осум лица се приведени во Белгија во антитерористички операции, јавија денеска белгиските медиуми. Најмалку две лица се осомничени дека планирале терористички напад, пишува новинската агенција Белга. Целта на можниот напад не беше јасна.

Според јавната телевизија „РТБФ“, некои од уапсените се познати по исламистичкиот екстремизам. Дали осомничените ќе бидат приведени ќе одлучи судијата.

Во рациите спроведени во Брисел, Антверпен и други белгиски места, не е пронајдено оружје или експлозив, пишува „РТБФ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот